УТРО.мк

Хоџа: Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

Хоџа: Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа
Vero

Скопје, 30 март 2026 година – Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата.

Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа претставува важен чекор во процесот на транспарентно носење одлуки и трајна заштита на природните богатства на нашата држава. Настанот е закажан на 7 април 2026 година (вторник) со времетраење 11:00 – 13:15 часот во Сала за состаноци, Општина Дебрца.

Текстот на Нацрт-законот е веќе достапен за јавноста и може да се разгледа на единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР): www.ener.gov.mk и на официјалната веб-страница на МЖСПП: www.moepp.gov.mk

Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: [email protected]

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран