
На Пелистер се подготвува нова едукативна атракција за најмладите, детска патека која ќе го поттикнува интересот за природата и екологијата. Изминатиот викенд, тимот на Националниот парк „Пелистер“ во Битола изврши комплетно чистење на кружната патека која води до Видиковец на 2000 метри надморска височина, отстранувајќи околу 30 дрвја што го ометаа преминот.
Покрај тоа, активно се работи на уредување на патеката за еколошка едукација, која ќе им овозможи на децата и семејствата интерактивно и забавно учење за природата. Дел од инфоцентарот ќе добие и модерно подно греење, што значително ќе го подобри комфорот на посетителите, особено во студените денови.























