
НАТО собори балистичка ракета која навлегла во воздушниот простор на Турција, а за која се претпоставува дека била лансирана од Иран, соопшти турското Министерство за одбрана.
Според официјалните информации од НАТО, ракетата била пресретната и неутрализирана од страна на воздушните и противракетните сили распоредени во источниот Медитеран, откако во еден момент влегла во турскиот воздушен простор.
„Балистичкото стеливо, за кое е утврдено дека е лансирано од Иран и дека навлегло во воздушниот простор на Турција, беше успешно неутрализирано од страна на НАТО-овите одбранбени системи“, соопштија турските власти.
Овој инцидент доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, откако официјална Анкара најави можност за вклучување во конфликтот доколку курдските милитанти се приклучат на копнените операции во Иран.
Турските власти информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на националната безбедност и воздушниот простор, додека ситуацијата во регионот внимателно се следи.























