
Во јужен Израел, хемиската фабрика на АДАМА, производител на активни состојки за заштита на посевите, беше погодена од иранска ракета или од фрагменти на пресретната ракета, но засега нема извештаи за повредени, објави Ројтерс.
Фабриката е дел од кинеската групација Сингента, а компанијата соопшти дека обемот на штетата сè уште не е познат.
Израелската противпожарна и спасувачка служба информира дека пожарот избувнал во индустриска зона во Махтешим, каде се наоѓаат повеќе хемиски и индустриски погони. Пожарот е прогласен за „инцидент со опасни супстанции“ и работниците во близина биле повикани да се засолнат на безбедно место.
Израелската војска потврди дека открила ракети лансирани од Иран. Денеска беа испукани неколку бранови ракети кон Израел, но освен пожарот во индустриската зона, нема извештаи за други штети или повредени.
Breaking: Iranian missiles destroyed a factory in Neot Hoav , Israelpic.twitter.com/VUogMWxuf4— Mr. Teddy Bear(@pundir_rishu)March 29, 2026























