УТРО.мк

Сведоштво на мајката на Ивана во судницата ја остави цела Македонија без зборови

Сведоштво на мајката на Ивана во судницата ја остави цела Македонија без зборови
Vero

По воведните зборови, на денешното судење судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот во прегратка со нејзината 6-годишна ќерка Катја, како и за семејно насилство и малтретирање, прва сведочеше мајката на жртвата Ивана, Љубица Стојаноска од Скопје.

„Го викав ‘сине’, ‘синко’. Имале проблем, не знаев. Ја гледав Ивана модра по рацете, еднаш и со модро око, таа ми рече паднала од тротинет. Еднаш зетот ми се јави ноќе, Катја беше мала: ‘Тетка Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курвата!’ За 10 минути отидов кај нив ноќе во 1 часот. Беше многу жешко и спарно. Тој шеташе нервозно, Ивана беше многу вознемирена, ја гушкаше Катја. Беше многу лут. Ми рече збор што не можам да го кажам, еднаш го кажав само на обвинителката. Беше толку револтиран, ми кажа дека моја Ивана, твојата ќерка бара поголем да ја задоволи, а јас никогаш не го ставив кај друга жена. Покажа со раката долу, меѓу нозете”, кажуваше мајката низ што поминувала Ивана.

Сакал да ја удри, Љубица застанала меѓу нив. Сведочеше дека и другпат со боксови. Ја удирал додека го држи детенцето. Дошла полиција. Ивана била исплашена. Полицијата им рекла:

„Ајде смирете се, нека биде сѐ во ред”, рекла полицијата и си заминала. Стојанче по ова се понудил Љубица да ја врати дома, таа се вратила пешки.

И натаму носела Ивана модринки. Секогаш велела дека паднала негде. Постојано била стегната и му реферирала во контролите: „Еве сум кај моите”.. Модринките и биле по рацете, нозете, окото.

„Се сомневав дека е тепана, ама Ивана не ми признаваше. ‘Ќе биде мамо во ред’, ми велеше кога ја прашував. А зетот никогаш не го прашав. Од Катја дознавав: ‘Бабо јас ќе ти кажам, ама не ѝ кажувај на мама. Мама вака чучнуваше доле, а тато ја шутираше. Вака горе ги ставаше мама рацете’. ‘Тато на мама ѝ вика курво, курвиште, дроља’. “, сведочеше Љубица.

За Нова година таа направила салата што ја сакала Ивана и нешто облека за ќерката и внукта и со такси отишла да им ги однесе. Пред зграда ја чекала Ивана.

„Ќерка ми се тресеше. Рече мамо бегај, ќе дојде сега Стојанче. Мамо молим те бегај, да не ти направи нешто. Тргнав накај автобуска само малку и слушнав глас од зет ми Стојанче. Еден хистеричен глас ми се закануваше. Почнав да бегам. Бев исплашена за моето дете. Таа потоа ми кажа дека салатата и благите работи за Катја ги фрлил во контејнер“, сведочеше мајката на Ивана. И во август лани Љубица го пријавила Стојанче во полиција.

Извор: newz24live

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран