УТРО.мк

Јордан Ангелески го фати светиот крст во Прилеп

Јордан Ангелески го фати светиот крст во Прилеп
Vero

Прилеп оваа година доби свој најсреќен 17-годишник. Јордан Ангелески, ученик во прилепската гимназија, на централната манифестација за Богојавление – Водици, го фати светиот крст во базенот на хотелот „Салида“. За Јордан, ова беше прво учество, кое падна токму на неговиот именден – момент кој го нарече „огромна чест и радост“.

„Ова е мојата прва среќа, и навистина е посебна. Се пријавив за да скокам за здравје, а да го фатам крстот е незаборавно чувство. Бог се јави, навистина се јави“, изјави Јордан со насмевка полна возбуда.

Прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски, му посака многу среќа и му честиташе именден. Ангелески освен честта, доби сувенир и ваучер од 20.000 денари, како и подароци од локални спонзори.

Централната манифестација привлече околу 80 верници, но Богојавлението – Водици во Прилеп се одбележа на 20 локации со вкупно околу 500 учесници. Во дворот на црквата „Свето Благовештение“, традиционалниот водосвет се одржа во малото базенче со учество на 12-тина деца до 13 години. Најсреќен меѓу нив беше 12-годишниот Стилијан Кондоски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран