
Советот на јавни обвинители денес треба да ја одржи својата 36. седница, на која најголемо внимание ќе привлече изборот на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
На оваа позиција конкурираат пет кандидати, меѓу кои и актуелниот шеф на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски. Бубевски во минатото работел во распуштеното Специјално јавно обвинителство, кое падна во сенка на корупциски скандали. Инаку, во Јавното обвинителство сè уште се води предмет поврзан со милионските бонуси доделувани во СЈО, што предизвика и судири со поранешниот јавен обвинител Коцевски, а реагираа и вишите обвинители Хајрулахи и Цветановски.


























