УТРО.мк

Судијата Ѓоко Ристов е во Обвинителството за организиран криминал – Се бараат мерки

Судијата Ѓоко Ристов е во Обвинителството за организиран криминал – Се бараат мерки
Vero

Судијата осомничен за корупција, Ѓоко Ристов, кој пред три дена беше во центарот на вниманието откако во неговата семејна куќа во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра соѕидани во ѕид, сега се наоѓа во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според информациите што ги дознава 4NEWS, јавниот обвинител бара од судијата да му биде одземен пасошот и да му биде определен куќен притвор додека трае постапката.

Од ОЈО нагласуваат дека постапката е сложена и обемна, и дека се преземаат сите мерки за целосно документирање на настанот, како и за утврдување на сите околности околу пронајдените средства.

Ристов минатата недела заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе, а јавноста остана во неизвесност околу неговата локација и мерките кои ќе се преземат.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран