
Четири лица завршија во болница по инцидент што се случи на базен во еден од хотелите во Охрид. Според информациите од СВР Охрид, вчера во 17:31 часот беше пријавено дека над базенот се појавил силен, продорен мирис на хлор и густ облак пареа.
Како резултат на тоа, четворицата гости почнале да кашлаат и биле пренесени во Општата болница во Охрид, каде што останале на лекарска грижа. Среќна околност е што нивната здравствена состојба не е животно загрозувачка.
Првичната истрага покажа дека инцидентот настанал поради технички проблем во системот за циркулација на водата на базенот. Веднаш по откривањето на проблемот, овластена фирма извршила замена на системот.



























