Викендов, џудистите од прилепскиот џудо клуб “Сеишин” од два настапи се вратија со 18 медали и тоа:
На 01.11.2025 во Скопје се одржа Меѓународниот турнир во џудо “Миоки Опен – 2025” за помлади пионери, пионери и кадети. Прилепскиот клуб зеде учество со 16 натпреварувачи, а освоени се 10 медали (1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени) и тоа:
1. Елдина Пупаловиќ 1-во место
2. Матеј Јованоски 2-ро место
3. Ангел Стојовски 2-ро место
4. Бисера Јовеска 3-то место
5. Бисера Цветкоска 3-то место
6. Матеја Николоска 3-то место
7. Марко Ацески 3-то место
8. Теодора Илиоска 3-то место
9. Немања Џагадуроски 3-то место
10. Благојче Мантароски 3-то место
Одлични борби прикажаа и Ајла Јеина, Арсениј Димески, Марија Марковска, Дила Пупаловиќ, Тамара Илиоска и Марко Марковски но не успеаја да изборат место на пиедесталот. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и Тони Бурнески.































