УТРО.мк

Големи гужви на границите: Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, 30 минути на Богородица

Големи гужви на границите: Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, 30 минути на Богородица
Vero

Зголемената фреквенција на патници и возила во летната сезона повторно донесе метеж на граничните премини низ Македонија. Според податоците од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), најголемите задржувања се бележат на граничниот премин Табановце и Пелинце, каде времето на чекање достигнува до 45 минути. На преминот Богородица, кон грчката граница, се чека околу 30 минути.

Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини состојбата засега е стабилна и нема подолги задржувања, но предупредуваат дека фреквенцијата на сообраќајот постојано се менува и е можно времените чекања да се зголемат, особено за време на викендите и во доцните попладневни часови.

„Апелираме до возачите да бидат трпеливи и внимателни, да ја прилагодат брзината и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на критичните делници низ земјава“, велат од АМСМ. Особена претпазливост се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што има зголемена опасност од одрони.

Најмногу возила се движат кон Србија и Грција, а дополнително зголемен сообраќај се очекува за време на викендот, кога многу граѓани тргнуваат на одмор или се враќаат од летување. Надлежните препорачуваат патниците однапред да ги планираат своите патувања и да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран