УТРО.мк

ЕУ системот за влез/излез ќе ги погоди викенд патниците кон Грција, предупредува Туристичката Комора

ЕУ системот за влез/излез ќе ги погоди викенд патниците кон Грција, предупредува Туристичката Комора
Vero

Системот за влез и излез на Европската Унија може сериозно да им го отежне патувањето на викенд туристите од земјава кон Грција, предупреди Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој посочи дека очекувањата при најавата на новиот систем биле сосема поинакви – дека регистрацијата на патниците ќе се прави еднаш, со фотографирање, по што при секое следно преминување на граница ќе биде доволен само биометриски отпечаток. Но, според него, реалноста покажува дека процесот е далеку посложен и побавен од првично најавениот модел.

Керим нагласи дека станува збор за значителен број патници, проценет на околу 250.000 луѓе годишно, кои најчесто патуваат на кратки, викенд-аранжмани кон Грција. Токму оваа група, според него, ќе ја почувствува најголемата тежина од новите процедури на границите. За разлика од нив, граѓаните што поседуваат недвижности или подолгорочни престои во соседната земја, и покрај можните задржувања, ќе продолжат да патуваат како и досега.

Во исто време, тој гледа и потенцијална можност за домашниот туризам. Според Керим, подолгото чекање на граничните премини може да поттикне дел од туристите да ги преиспитаат своите навики и да изберат домашни дестинации. Како алтернатива ги посочи Охрид, Струга, Дојран, Преспа, Битола и други атрактивни места во земјата, кои, како што рече, можат да понудат квалитетно и пријатно искуство за одмор.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран