Според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) заклучно со 12:00 часот на 4 август 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно четири пожари на отворен простор.
Од нив, два пожари се активни:
во атарот на село Богомила, Општина Чашка (мешана шума),
и кај село Грешница, Општина Македонски Брод (деградирана нискостеблеста шума).
Еден пожар е ставен под контрола, кај село Стровија, Општина Долнени, во близина на локалитетот Гајдарец-Клепало.
Еден пожар е целосно изгаснат, во село Слупчане, Општина Липково, каде што гореше ниска вегетација.
Надлежните служби и натаму работат на терен со цел целосна локализација и санација на пожарите.