УТРО.мк

АХВ стопираше 50 тони храна: Ова не смеело да стигне до вашата трпеза

АХВ стопираше 50 тони храна: Ова не смеело да стигне до вашата трпеза
Vero

Агенција за храна и ветеринарство спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар, откако инспекциските служби утврдија неправилности кај повеќе пратки.

На граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари забранија влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. Според направените проверки во системот и документацијата, месото потекнувало од објект кој не е одобрен од АХВ, што значи дека не ги исполнува основните безбедносни стандарди и постои ризик за здравјето на потрошувачите.

Покрај тоа, инспекторите минатата недела стопирале и пратка од 22 тони ореви од Казахстан, поради несоодветно означување и отстапки од пропишаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата количина била вратена во земјата на потекло и не била пуштена во промет на домашниот пазар.

Од АХВ најавуваат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи во земјава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран