
Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона.
Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни денови, активностите на терен започнале порано, со цел побрза реализација на планираните проекти.
„Ако градежната сезона се врзува со пролетното време, тогаш овој наслов најдобро го опишува она што го работиме на терен“, наведуваат од Општина Битола.























