УТРО.мк

Во Петрич одбележани 84 години од смртта на Антон Попов, положени венци пред неговиот споменик

Во Петрич одбележани 84 години од смртта на Антон Попов, положени венци пред неговиот споменик
Vero

Членови на организациите ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден-Пирин“ положија венци пред споменикот на Антон Попов во градот Петрич, по повод 84-годишнината од неговата смрт.

На комеморативниот настан беше одржано пригодно слово за животот и делото на Антон Попов, во кое беше истакнат неговиот ангажман и активностите поврзани со македонското национално движење. Обраќањето го одржа Кирил Тилев.

Присутните оддадоа почит кон Попов, кој е познат како македонски деец и публицист, а во рамки на одбележувањето беа упатени пораки за зачувување на македонското име и идентитет.

„Кој ги инспирира напорите да се избрише македонската свест, македонското име – да не се признава правото на македонскиот народ?“, е една од познатите мисли што му се припишуваат на Антон Попов.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin