УТРО.мк

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Илинденските коњаници вечерва тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Илинденските коњаници вечерва тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
Vero

Со коњички марш долг речиси пет децении, Македонија и годинава ќе го одбележи Илинден.

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот ќе тргнат од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче кон Крушево, во чест на Илинден и македонските херои.

Маршот традиционално го организира Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“, со цел да се зачува споменот на илинденците и нивната борба за слобода.

Според програмата, на 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе се спојат со коњаниците од Свети Николе, Кичево и Битола, по што заеднички ќе влезат во Крушево, испраќајќи силна порака за единство и почитување на националното историско наследство.

Илинденскиот марш важи за еден од најдолговечните и најемотивни настани во чест на 2-ри Август – Илинден.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin