УТРО.мк

(ВИДЕО) Драма во Москва: Мачка по грешка заврши во вклучена машина за перење алишта – хаосот настана кога сопственичката ја забележа како се врти во барабанот

(ВИДЕО) Драма во Москва: Мачка по грешка заврши во вклучена машина за перење алишта – хаосот настана кога сопственичката ја забележа како се врти во барабанот
Vero

Необичен инцидент се случил во Москва кога жена по грешка ја вклучила машината за перење алишта без да забележи дека нејзината мачка се наоѓа во барабанот.


Откако го слушнала мјаукањето, таа веднаш го запрела циклусот, но поради краток спој вратата не можела да се отвори, а водата не можела да се испушти. Во обид да го спаси миленичето, жената повикала спасувачки служби.


Спасувачите интервенирале и успеале да ја извадат мачката, која била жива. Според информациите, миленичето по име Џој брзо се опоравило и кратко по настанот дури и јадело.


Инцидентот завршил без потешки последици, а спасувачите апелираат до граѓаните секогаш да ја проверуваат машината за перење пред вклучување, особено доколку чуваат домашни миленици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран