Летните денови речиси не можат да поминат без мирисот и вкусот на варенa пченка – сочна, лесна за подготовка и идеален за оброк или ужинка во летната сенка. Но многумина се откажуваат од домашната подготовка, верувајќи дека пченката бара долга термичка обработка.
Сепак, професионалните готвачи откриваат едноставен трик што значително го скратува времето на варење, без да се жртвува вкусот.
Наместо да ги варите цели, пресечете ги на половина и наредете ги во тенџере. Прелијте ги со обична вода – доволно само за да бидат покриени. Откако водата ќе зоврие, додадете една чаша млеко и едно парче путер.
Оваа комбинација не само што го забрзува варењето, туку и му дава богат и кремаст вкус.
Продолжете со варење уште околу десет минути, тргнете го тенџерето од ринглата, посолете по вкус – и подготвено е за сервирање.
Со овој едноставен рецепт, за само десетина минути ќе добиете совршено сварена пченка, без долго чекање и со дополнителен слој на вкусна текстура.