УТРО.мк

Спасен Силјаноски со нова прекрасна верзија на „Како што е таа чаша“

Спасен Силјаноски со нова прекрасна верзија на „Како што е таа чаша“
Vero

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ доби ново вредно музичко парче – преработка на безвременската македонска народна песна „Како што е таа чаша“, овојпат во изведба на Спасен Силјаноски. Со аранжман на маестро Николче Мицевски, песната добива современ звук, но ја задржува длабоката емоционална порака која го одразува духот на македонскиот народ.

„Чест и задоволство е да се биде дел од ваков проект, но и да се отпее оваа песна. ‘Како што е таа чаша’ е една од омилените во моето семејство и песна без која не поминува ниту една наша седенка“, изјави Силјаноски.

Песната зборува за личната болка, утехата во чашата вино и пожртвуваноста за татковината – теми кои ја прават вечна. Претходно испеана од великани како Александар Сариевски, Никола Бадев и дуетот Селимова–Желчевски, таа останува симбол на македонската издржливост и љубов кон родната земја.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ има за цел да го оживее и зачува музичкото наследство, претставувајќи го на нов начин пред младата публика. По преработките на „Не кажувај либе добра ноќ“, „Како пиреј“ и „Се собрале комитите“, оваа нова изведба е уште еден чекор кон мисијата – зачувување на македонскиот музички идентитет.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран