УТРО.мк

Се слави Успение на Пресвета Богородица: Денот кога Мајката Божја им дарува прошка на жените

Се слави Успение на Пресвета Богородица: Денот кога Мајката Божја им дарува прошка на жените
Vero

Еден од најголемите и најпочитувани празници во православниот календар е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, кој традиционално се празнува на 28 август. Овој ден го означува моментот на смртта и вознесението на Дева Марија, мајката на Исус Христос, која „го предала својот дух во рацете на Спасителот“.

Верниците ја почитуваат Богородица како заштитничка на жените и како единствената што најдобро ја разбира женската душа, болка и страдање. Се верува дека таа има разбирање за гревовите и пред Бога бара прошка за нив.

Периодот меѓу Голема и Мала Богородица се смета за најповолен за собирање лековити билки, кои според народното верување носат исцеление. Во овој ден низ Македонија традиционално се одржуваат народни собири и панаѓури, особено во местата каде што постојат цркви и манастири посветени на Мајката Божја.

Според обичаите, задолжително е верниците да посетат црква, да запалат свеќа и да се помолат за здравје и заштита. Жените ставаат босилек во оброците како симбол на благослов и заштита од зло. Во црквите се дели и света вода што верниците ја користат за исцеление.

Иако Светото писмо не содржи информации за крајот на земниот живот на Богородица, преданијата кажуваат дека таа останала во Ерусалим опкружена со апостолите и првата христијанска заедница. На иконите празникот е претставен со сцена на одарот на Богородица, опкружена со апостолите и светите отци, додека Христос ја држи нејзината душа во вид на дете.

Голема Богородица е ден на голема духовна смиреност и молитва. За православните верници тоа е време да се посветат на својата душа, барајќи благослов и заштита од Пресвета Богородица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран