УТРО.мк

Страшна трагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајна несреќа почина едно младо момче, две се борат за живот, четвртото со тешки повреди

Страшна трагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајна несреќа почина едно младо момче, две се борат за живот, четвртото со тешки повреди
Vero

Сообраќајка кај Чичево, едно младо момче почина, две се борат за живот, четвртото со тешки повреди

Враќајќи се од слава на манастирот во Чичево, автомобилот излетал од патот, објави велешкиот портал ТиРековМиРече.

Сообраќајка на патот кон село Чичево, општина Градско, во кое едно лице Љ.О. на 21 година почина, две се во животно загрозувачка состојба а четвртото исто се здобило со тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила кога автомобилот со четирите млади жители од Градско и Ногаевци, се враќал по полноќ од славата на манастирот во село Чичево.

„Побарана е помош, поради сообраќајка, испратени се две амбулантни возила, дадена неопходна нега и сите четворица повредени се пренесени на ургентен центар во велешка болница“ – кажа д-р Славица Нешова Пановска, од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Тројцата сопатници од автомобилот биле надвор од него а единстено возачот бил во него и била побарана помоиш од пожарникарите за да се извади од возилото.

„Донесени се четворица млади пациенти, едниот бил починат. Двете лица се во животно згрозувачка сотојба дадена неопходна помош и пренесени на КАРИЛ во Скопје, четвртото лице и со со тешки телесни повреди е пренесено на клиниката Мајка Тереза“- кажа д-р Ванчо Граматов од велешка болница.

Од велешката полиција со деталите од сообраќајката.

„Денеска 28 август, околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22 год) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21 год), Б.П.(20 год), двајцата од Градско и Х.Л.(22 год) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од ОЈО Велес информираа дека автомобилот е на вонреден технички преглед, телото на починатото момче е дадено на обдукција, од трите лица се зема крв и урина за утврдување на присуство на алкохол, додека од возилот од воланот се земени папиларни отисоци, за да се утврди кој го управувал автомобилот.

Извор: ТиРековМиРече

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран