УТРО.мк

Само за елитата и најбогатите: Туристите во неверување, погледнете колку чини лежалка на плажа во Црна Гора

Само за елитата и најбогатите: Туристите во неверување, погледнете колку чини лежалка на плажа во Црна Гора
Vero

Цените на лежалките ова лето во Црна Гора предизвикаа неверување кај туристите, откако беше откриено дека на одредени плажи, изнајмување сет со две лежалки и чадор може да чини и до 250 евра дневно.

На елитната плажа Пржно, цените се движат од 150 до 250 евра, додека на една од најпопуларните дестинации – плажата Јаз, лежалка се наплаќа меѓу 30 и 40 евра, што е значително поскапо од минатогодишните тарифи.

Поскромни се цените во Бечиќи, каде според туристички работници, сетот чини од 15 до 25 евра. Како што објаснува угостителот и спасувач Душан Дапчевиќ, по 17 часот лежалките се достапни бесплатно за сите посетители.

Тој потсетува и на законската регулатива според која плажите мора да бидат поделени – една половина резервирана за лежалки, а другата слободна за туристи со сопствена опрема. Исто така, лежалките мора да бидат поставени на растојание од најмалку три метри од морскиот брег.

Иако цените значително варираат во зависност од локацијата, општата перцепција е јасна – одморот на црногорското крајбрежје, особено на популарните и луксузни локации, годинава бара значително подлабок џеб.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран