Американската биотехнолошка компанија eGenesis објави дека Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) дала одобрение за клиничко испитување на EGEN-2784, генетски модифициран бубрег добиен од свиња.
Овој бубрег е развиен со три типа на генетски модификации – отстранување на антигени кои предизвикуваат одбивање, внесување човечки гени за подобра компатибилност и инактивација на свински ретровируси со цел зголемена безбедност.
Првиот пациент, 67-годишниот Тим Ендрјус, добил ваков бубрег на 25 јануари 2025 година во Општата болница во Масачусетс. Тој веќе седум месеци живее без дијализа, што е најдолг период досега за примател на свински орган.
Вториот пациент, 54-годишниот Бил Стјуарт, бил опериран на 14 јуни 2025 година. Тој исто така веќе не зависи од дијализа, иако претходно три пати неделно одел на третмани повеќе од две години.
Овие интервенции биле спроведени под раководство на д-р Леонардо В. Риела и д-р Тацуо Каваи, со поддршка на мултидисциплинарен тим од Општата болница во Масачусетс.
Ова претставува историски исчекор во трансплантационата медицина и надеж за илјадници пациенти ширум светот кои чекаат орган.