УТРО.мк

Оваа студентка заработува околу 50.000 евра со најчудната професија досега – многумина го сметаат за бизарно, но милиони луѓе го обожаваат

Оваа студентка заработува околу 50.000 евра со најчудната професија досега – многумина го сметаат за бизарно, но милиони луѓе го обожаваат
Vero

Лоти Фелоус е 20-годишна студентка од Универзитетот во Бату, Велика Британија, која преку видеа со шепотење помага на луѓето полесно да заспијат. Нејзините видеа, кои имаат од 10.000 до 60.000 прегледи, ѝ носат годишен приход од околу 45 илјади евра.

Овој метод е познат како ASMR (автономен сензорен меридијален рефлекс) и се опишува како „мозочна масажа“ — пријатно чувство на опуштеност што се шири од главата низ ‘рбетот при одредени звуци и вибрации.

Лоти објаснува дека нејзината најрана меморија поврзана со ASMR се однесува на времето кога наставникот тивко ѝ читаше приказна во училиште, а тоа ѝ создаваше чувство на мир и сонливост. За ASMR слушнала првпат во 2018 година, кога мајка ѝ ѝ препорачала да го проба овој метод поради нејзините проблеми со спиењето и менталното здравје.

Почнала да гледа видеа со ASMR на YouTube, и покрај првичната скепса, брзо сфатила дека овие видеа ја релаксираат и ѝ помагаат да заспие. Во септември 2018 година го отвори својот канал, вложи во опрема и се посвети на создавање видеа. Денес, Лоти има објавено 178 видеа и ја следат повеќе од 88 илјади луѓе, со што постигна значајни успеси во оваа област.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран