УТРО.мк

Месечината влегува во Јарец: Три хороскопски знаци ги очекува одличен период!

Месечината влегува во Јарец: Три хороскопски знаци ги очекува одличен период!
Vero

Месечината, која во астрологијата ја симболизира душата, емоциите и скриените стравови, деновиве се наоѓа во знакот на Јарец. Оваа поставеност носи стабилизирачка енергија и најповолно влијае врз родените во Јарец, Бик и Девица.

Присуството на Месечината во Јарец внесува сериозност и потреба чувствата да бидат ставени под контрола. Таквите личности можат да делуваат резервирано и студено, иако во нивната внатрешност постои силна жед за сигурност и постојаност. Емоциите не се изразуваат преку зборови, туку преку дела, одговорност и посветеност. Љубовта и грижата најчесто се манифестираат како поддршка и практична помош.

Долгорочни планови и стабилност

Овој астролошки аспект носи изразенo чувство за должност и потреба да се преземе грижа за блиските. Истовремено, создава и внатрешна борба со сопствената ранливост. Месечината во Јарец поттикнува амбиција и стремеж емоциите и приватниот живот да се усогласат со професионалните цели и долгорочните планови. Среќата се пронаоѓа преку постигнувања и преку чувството дека се гради нешто трајно и вредно.

Иако понекогаш им е тешко да се опуштат и да ја покажат сопствената слабост, токму прифаќањето на личните емоции носи внатрешна сила и длабока стабилност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран