УТРО.мк

Македонците ќе можат да го следат реткото затемнување на Месечината

Македонците ќе можат да го следат реткото затемнување на Месечината
Vero

Скопје, 5 септември 2025 – В недела, на 7 септември, од Македонија ќе може да се набљудува реткиот феномен – целосно затемнување на Месечината. За да биде видливо, услов е времето да биде ведро и без облаци, информира Скопското астрономско друштво.

Од Скопје нема да биде видливо целосното затемнување, туку неговиот втор дел. Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета и со текот на времето ќе добива сè потемна, црвеникава боја.

Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад „Македонија“ за граѓаните кои сакаат да го набљудуваат овој астрономски феномен. Очекуваното изгревање на полузатемнената Месечина е околу 19 часот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран