УТРО.мк

Македонската православна црква во Холандија доби свој храм

Македонската православна црква во Холандија доби свој храм
Vero

На 15 октомври 2025 година, Македонската православна црковна општина „Свети Стефан“ во Утрехт, Холандија, официјално се стекна со сопствен црковен објект и придружен простор. Купопродажниот договор беше потпишан со благослов на надлежниот архиереј на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Високопреосвештенство митрополит г. Пимен.

Овој чин претставува значаен духовен и историски момент за македонската заедница во Холандија и пошироко во Европа, со што верниците конечно добиваат свое богослужбено седиште во градот Утрехт.

„Слава на Бога за сите Негови дарови!“, стои во пораката на Македонската православна епархија за Европа, со која се упатуваат честитки до сите верници што придонеле кон оваа голема радост.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран