Во пријатна атмосфера и одлично расположение, Спасен Силјаноски на дружба со Јанко и неговиот бенд од Колумбија – група музичари кои ја негуваат македонската народна музика на другата страна од светот.
Јанко и неговиот бенд се многу ценети од македонската публика и уживаат голема поддршка за нивната посветеност на промоцијата на македонската култура и традиција. Нивниот ентузијазам и љубов кон македонската песна се инспирација за многумина, а настапите им се дочекани со воодушевување каде и да се појават.