УТРО.мк

Македонија ќе има претставник на Евровизија следната година

Македонија ќе има претставник на Евровизија следната година
Vero

Македонската Радио Телевизија (МРТ) ќе го врати присуството на „Евровизија“ по подолга пауза, најави директорот Зоран Ристоски на седница на Програмскиот совет, каде што беа присутни и претставници од медиумски и стручни организации.

Тој информираше дека веќе имал директни разговори со Европската радиодифузна унија (ЕБУ), при што добил уверување дека земјата ќе биде дел од големото музичко натпреварување повторно, со планирано учество на издание кое би се одржало во 2027 година во Софија.

Според Ристоски, МРТ во иднина ќе има посилна институционална поддршка од ЕБУ, особено во насока на промоција на македонската култура и музичка сцена, а се очекува и нов, поповолен модел за учество на „Евросонг“.

Во неговото обраќање беше истакнато и дека се напуштаат претходните затворени практики при избор на претставници. Како пример за новиот пристап тој го наведе веќе објавениот јавен повик за избор на композиција за „Јуниорски Евросонг 2026“.

Македонија последен пат настапи на „Евровизија“ во 2022 година со Андреа Коевска и песната „Circles“, која беше избрана преку национален избор. Најголемиот успех досега го постигна Тамара Тодевска во 2017 година со „Proud“, кога заврши на високо седмо место.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран