УТРО.мк

Македонецот Никола Станишиќ го освои трофејот во „Ѕвездите на Гранд“ а пееше песна од ДНК во нивна чест!

Македонецот Никола Станишиќ го освои трофејот во „Ѕвездите на Гранд“ а пееше песна од ДНК во нивна чест!
Vero

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“ 2025

Никола Станишиќ од скопската населба Волково е новиот победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година. Како единствен македонски финалист оваа сезона, Станишиќ вечерва се враќа дома со трофејот и со поддршка од дури 138.714 гледачи.

Во големото финале, Станишиќ го освои срцето на публиката и жирито со исклучително емотивна изведба на песна од групата ДНК, посветена на жртвите од трагедијата во Кочани. Настапот беше исполнет со искрена емоција и длабока посветеност, што не остана незабележано.

Неговата менторка, Цеца Ражнатовиќ, прва му честиташе по објавувањето на резултатите, емотивно го прегрна и ја сподели радоста од победата.

Патот на Никола низ натпреварувањето беше обележан со постојан раст, силна поддршка од жирито и голема армија фанови што го следеа уште од првиот настап. Со оваа победа, тој ја донесе титулата во Македонија и покажа дека талентот, упорноста и искрената емоција навистина се препознаваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран