Најбогатата земја во Европа, Луксембург, активно бара работници, нудејќи импресивни плати од просечно 6.118 евра месечно и стабилна работна средина со висок квалитет на живот. Со највисок БДП по глава на жител во Европа и ниска стапка на невработеност од само 5,7%, ова мало европско кралство е една од најатрактивните дестинации за преселба и работа.
Повеќе од 2.700 огласи се достапни на порталот EURES, при што многу позиции не бараат високо образование. Граѓаните на ЕУ можат да се преселат без потреба од виза, со единствена обврска да го регистрираат својот престој по три месеци.
Минималната плата изнесува 2.570 евра за неквалификувани и 3.085 евра за квалификувани работници, што ја прави земјата примамлива за сите што бараат стабилна и добро платена работа во срцето на Европа.