УТРО.мк

Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај

Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај
Vero

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма. 

Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски фестивал кој ја слави винската традиција, но и модерниот начин на уживање во животот. И ова издание ќе понуди внимателно селектирана понуда на вина, гастрономски деликатеси и музичка програма што ќе создаде уникатна атмосфера за посетителите.

Покрај дегустациите и дружењето, Виноскоп останува простор за поврзување, размена на искуства и уживање во урбаниот дух на градот. Посетителите ќе имаат можност да откријат нови вкусови, да уживаат во добро познати етикети и да бидат дел од едно поинакво фестивалско доживување.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за програмата и учесниците, а публиката ќе ја забавуваат звучни имиња од македонската естрада.

Дел од фестивалската понуда ќе бидат и бројни винарии од целата земја, кои ќе понудат избрана селекција на квалитетни вина и автентични вински вкусови.

Виноскоп 2026 ветува уште едно незаборавно издание – место каде виното, музиката и доброто расположение се спојуваат во едно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран