
Германија најави значително зајакнување на своите вооружени сили, со цел создавање на најмоќната армија во Европа, со вкупно околу 460.000 војници подготвени за борбени задачи.
Министерот за одбрана Борис Писториус во Берлин изјави дека Бундесвер ја усвоил новата сеопфатна стратегија за одбрана, која ги идентификува актуелните закани и ги дефинира идните приоритети за зајакнување на воените капацитети.
Тој нагласи дека планот вклучува зголемување на бројот на активни војници, резервисти и цивилен персонал, со јасна цел за значително проширување на борбената подготвеност.
„Нашиот водечки принцип е да се стремиме кон најмалку 460.000 војници подготвени за борба, вклучувајќи ги активните и резервните сили“, истакна Писториус.
Во рамки на новата стратегија, Германија најавува и зголемена улога во НАТО, со посебен акцент на развој и модернизација на системите за воздушна одбрана.























