УТРО.мк

Македонците меѓу главните учесници на стрип-фестивалот во Загреб

Македонците меѓу главните учесници на стрип-фестивалот во Загреб
Vero

На 17 до 19 април во просториите на Академијата на ликовни уметности во Загреб се одржа „Цртани романи шоу“, еден од најзначајните стрип-фестивали во регионот, кој годинава повторно привлече силна меѓународна екипа автори, промотори и љубители на деветтата уметност.

Меѓу учесниците од Македонија беа стрип-промоторите Томе Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип, кои со своето присуство се вклучија во богата програма исполнета со изложби, панел-дискусии, саем на стрип изданија, работилници за цртање, косплеј настани, квизови и музички содржини. Трајков ја оцени оваа фестивалска средба како продолжение на неговата долгогодишна меѓународна активност, нагласувајќи дека станува збор за манифестација со сериозен рејтинг и традиција во европските „комикон“ кругови.

„Фестивалот обединува голем број значајни имиња од светската стрип сцена: од Италија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирска, Германија, САД и Франција, што создава вистинска професионална и креативна енергија“, истакна Трајков, додавајќи дека токму таквата концентрација на автори и публика овозможува разновидна и динамична програма.

Во рамки на настапот, Трајков и Стеванов одржаа и тематска панел-промоција насловена „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина!“, со која беше претставен развојниот контекст на македонската стрип-сцена. Покрај официјалната програма, нивниот престој во Загреб беше искористен и за размена на организациски искуства, кои, како што најавуваат, ќе бидат применети во идни домашни проекти и фестивалски активности во Македонија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран