УТРО.мк

Јелена Карлеуша повторно распали по Новак Ѓоковиќ

Јелена Карлеуша повторно распали по Новак Ѓоковиќ
Vero

Карлеуша го спореди Ѓоковиќ со Томпсон: Остри реакции по нејзината објава

Пејачката Јелена Карлеуша повторно предизвика бура на социјалните мрежи, овојпат поради контроверзна објава на „Икс“ (поранешен Твитер), каде го спореди Новак Ѓоковиќ со хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, познат по националистичка реторика.

Нејзиниот коментар се однесуваше на симболичниот гест на „Егзит“ фестивалот, каде публиката оддаде 16-минутна тишина за младите кои загинаа во трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година. Настапот на италијанската пејачка Гала и пораките за поддршка на студентските протести беа во фокусот на фестивалот.

Карлеуша изјави:

„Нема ништо пострашно од мешањето на музиката и спортот со политика. Тоа се прави само пред или во големи војни! Да се биде Томпсон на фашистички концерт или Ѓоковиќ кој ‘пумпа’ на спортски терен со сопствените деца, е голем пораз за забавата која треба да обединува, а не да дели.“

Нејзината изјава предизвика реакции, особено поради споредбата меѓу Ѓоковиќ – кој даде поддршка на студентските протести и барање одговорност за падот на надстрешница во Нови Сад – и Томпсон, познат по контроверзни настапи и усташка симболика.

Карлеуша, која јавно го поддржува владејачкиот режим, и самата во минатото предизвикувала реакции со свои политички ставови. И покрај тоа, таа останува една од најгласните јавни личности на социјалните мрежи во Србија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран