
Пишува: Свето Тоевски
Основни елементи на „географијата на незадоволството“ во овие „развојно заборавени“ региони во Грција се и: (1) појава „оставени сами за себе“ – жителите во таквите погранични области сметаат дека нивните региони немаат иднина, чувствувајќи се игнорирани од централните власти во Атина, што доведува до негодување; (2) сериозен структурен економски пад – долгорочниот застој во традиционалните индустрии (земјоделство, мало производство) и неуспехот да се искористат новите економски трендови ги оставија овие области во „стапица за развој“, што подразбира застој во развојот; (3) чувство на „етничка исклученост“ – жителите на неразвиените региони, западнати во „развојна стапица“, меѓу кои и Македонците, не успеваат да здобијат корист од европските финансиски „политики за кохезија“, или од националните планови за економско закрепнување, што предизвикува кај нив и чувство на „етничка исклученост“ од интегралните грчки државни економско-развојни политики.

Врз основа на концепцијата на професорот Андрес Родригез-Позе, „географијата на незадоволството“ значително се однесува на периферните региони во северна Грција, особено во областите населени со негрчко население, односно и со Македонци.























