
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во подрачјето околу населбата Ченто имало пукање. Најпрво едно лице вперило пиштол во друго лице и сакало да пука, но пиштолот бил закочен, а потоа бил испукан куршум од возило за движење, но, за среќа, не погодил никој.





















