Честа грешка при подготовка на кајгана што ја прават многумина
Кајганата е едно од најлесните јадења за подготовка, поради што често се избира за појадок – особено во утринските часови кога времето за готвење е ограничено. Сепак, според мислењето на кулинарските експерти, постои една честа грешка што многумина ја прават при подготовката, а тоа е додавањето на – млеко.
Иако многу луѓе веруваат дека млекото го подобрува вкусот и текстурата на кајганата, познатиот гастро-новинар Роби Мелвин, кој пишува за списанието Southern Living, предупредува дека оваа навика всушност го нарушува вкусот на јајцата. Според него, млекото не ја прави кајганата покремаста, туку само го засенува природниот вкус на квалитетните јајца.
„Ако веќе користите свежи и квалитетни јајца, зошто би сакале да го прикриете нивниот вкус?“, прашува Мелвин. Наместо тоа, тој препорачува кајганата да се приготвува на путер, што ќе ѝ даде богата текстура и кремаста конзистентност без потреба од додатна течност.
Дополнително, советува јајцата да не се матат директно во тавата, туку во посебен сад, од каде потоа ќе се префрлат во веќе загреана тава. Важно е и да не се пржат предолго – по само една минута на средна температура, кајганата треба да се тргне од оган.
Со постојано мешање со шпатула додека се пржат, јајцата ќе бидат убаво зготвени, но не и препечени. На крајот, зачинете по вкус со сол и бибер, и послужете ги на чинија или врз парче препечен леб.