ОВЕН
Денеска одете внимателно, како да чекорите по минско поле – секој потег бара такт и смиреност. Работната атмосфера е напната и лесно може да дојде до експлозија. Во љубовта, вашите очекувања се можеби повисоки од она што реално се случува – спуштете ги на земја за да избегнете разочарување. Ако планирате физичка активност, бидете претпазливи – можни се повреди.
БИК
Некој домашен проблем ви ја окупира мислата и ќе бара и финансиски ангажман. Во љубовта, партнерот има чувство дека не го почитувате доволно – разговарајте отворено и расчистете ги недоразбирањата. Интересно е што токму денес ќе научите нешто вредно за комуникацијата – од личноста која најмногу ви значи.
БЛИЗНАЦИ
Останете позитивни иако резултатите на работа денес нема да блескаат. Важно е да не се обесхрабрите – подобри денови доаѓаат. Во љубовта, внимавајте на зборовите – нешто што ќе го кажете во афект може да повреди. Размислете пред да реагирате. Внимавајте и на исхраната – можно е стомакот да ви биде чувствителен.
РАК
Старите несигурности ќе се појават токму кога ви е најпотребна самодоверба. Не им попуштајте – пред вас е позитивен развој на настаните. Ако сте слободни, можно е да запознаете личност која ќе ве изненади со својата авантуристичка природа. Отворете се кон нови искуства.
ЛАВ
Љубовниот живот денес ви поставува длабоки прашања. Ќе сфатите дека она што длабоко го посакувате можеби не е она што навистина ви треба. Не се изгубувајте во анализи – слушајте го срцето, но не ја запоставувајте реалноста. Бидете присутни и внимателни.
ДЕВИЦА
Можна е остра дискусија на работа – бидете подготвени, но внимателни со тонот. Понекогаш начинот на кој го кажувате нешто е поважен од самите зборови. По работа, дозволете си момент на опуштање со саканата личност – тоа ќе ви помогне да го вратите мирот во себе.
ВАГА
Подготвени сте да ја пуштите контролата и да ѝ дозволите на другата страна да го води љубовниот танц – и тоа ве радува. Ќе добиете потврда дека сте избрале вистинскиот човек. На работа, се каете што не сте кажале нешто навреме – поправете го тоа утре.
ШКОРПИЈА
Иако ве мачи недостаток на самодоверба, вистината е дека сè правите како што треба. Денес ќе се најдете во друштво на луѓе со кои делите исти вредности – било да се тоа блиски пријатели или нови познаници. Во љубовта – конечно доаѓа нешто долго очекувано и возбудливо!
СТРЕЛЕЦ
Љубовта ви носи нова искра, можност за авантура и возбуда – токму она што го посакувавте! На работа блескате со идеи и искреност – вашата енергија привлекува внимание. Внимавајте на изложеност на сонце – можни се главоболки.
ЈАРЕЦ
Време е да преземете одговорност за својот љубовен живот. Дали останувате во врска која веќе не ви носи радост или тргнувате по нов пат? Разговор со личност на која ѝ верувате може да ви донесе многу јасност. Немојте да се плашите од промени.
ВОДОЛИЈА
Денеска сте полни со самодоверба и иницијатива – совршено време да ги преземете работите во свои раце. Во љубовта, сè конечно „легнува“ на своето место и се чувствувате исполнети. Поминете време со семејството – ќе ви годи и ќе ве подмлади емотивно.
РИБИ
Иако по природа не сте натрапливи, сега е време да се наметнете на работа – само така ќе дојдете до посакуваното признание. Следете го гласот на срцето – тој знае каде треба да одите. Денес флертувајте слободно – љубовта е блиску, само чека знак од вас.