УТРО.мк

Чудо на Духовден во Острог: Три гулаби слетаа пред иконата на Света Троица и ги воодушевија верниците (ВИДЕО)

Чудо на Духовден во Острог: Три гулаби слетаа пред иконата на Света Троица и ги воодушевија верниците (ВИДЕО)
Vero

На големиот православен празник Духовден – Света Троица, во манастирот Острог беше забележан необичен момент кој предизвика големо внимание меѓу верниците и на социјалните мрежи.


На видео кое брзо се прошири на интернет се гледа како три гулаби влегуваат во просторот пред мозаикот на Света Троица и застануваат токму пред претставата на светиот лик. Присутните верници со воодушевување го следеле настанот, а на снимката може да се слушнат и возгласи дека станува збор за „чудо“.


Многумина овој необичен призор го поврзаа со симболиката на празникот Духовден, кога православната црква го слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Во христијанската традиција, гулабот често се смета за симбол на мирот, чистотата и присуството на Светиот Дух.


Видеото е снимено во манастирот Острог, едно од најголемите православни светилишта на Балканот, кое секоја година привлекува стотици илјади поклоници од целиот регион.


Додека едни настанот го сметаат за случајност, други веруваат дека станува збор за посебен знак на денот кога православните верници го слават празникот Света Троица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран