УТРО.мк

Армин ван Бурен за првпат во Битола: Светски спектакл на 3 август!

Армин ван Бурен за првпат во Битола: Светски спектакл на 3 август!
Vero

Светската ѕвезда и еден од најголемите диџеи на сите времиња, Армин ван Бурен, летово доаѓа во Македонија и тоа со спектакуларен настап во Битола! Како што најавуваат од Авалон продукција, музичкиот гигант ќе настапи на 3 август на Градскиот стадион „Петар Милошевски“, носејќи шоу какво што Битола досега не видела.

„Некогаш е тешко да се пронајдат вистинските зборови, но за нас ова е навистина посебно. Армин ван Бурен не е само најголемиот диџеј на сите времиња – тој е институција сам по себе, дури и надвор од електронската музика,“ велат од Авалон.

Настапите на Армин се вистински аудиовизуелни доживувања, познати по својата продукциска моќ и емоционална длабочина. Овој концерт, според организаторите, не е само музички настан, туку културен момент за паметење, рамо до рамо со имиња како Massive Attack и Nick Cave.

Битола, град со богата историја и уникатна архитектура, добива прилика за првпат да биде домаќин на А-класа светска музичка ѕвезда, а очекувањата се дека настанот ќе привлече илјадници посетители од цела Македонија и регионот, токму за време на Илинденските празници.

Сите информации за влезниците ќе бидат објавени вечерва во 21:00 часот.

Со овој концерт, започнува нова ера: BITOLA OPENAIR.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран