УТРО.мк

„Апсолутна власт, апсолутна забава“: 29 издание на „Златна бубамара“

„Апсолутна власт, апсолутна забава“: 29 издание на „Златна бубамара“
Vero
zlatna bubamara 2026
zlatna bubamara 2026

На 26 февруари, салата „Борис Трајковски“ ќе биде центар на музиката, хуморот и сјајот на македонската и регионалната сцена, кога ќе се одржи 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Омиленото шоу на публиката, организирано од радио „Буба мара“, оваа година пристапува со ново мото: „Апсолутна власт – апсолутна забава“, најавувајќи спектакл кој ќе ја раскаже 2025 година преку сатирична и музичка призма.

Фановите можат да очекуваат настапи од најпознатите македонски и регионални уметници, а изненадување ќе биде и една голема светска музичка легенда, чиј идентитет ќе биде откриен само 10 дена пред самиот настан.

Билетите веќе се пуштени во продажба – онлајн преку МК Тикетс и Карти.мк уште 72 часа пред 2 јануари, а од 3 јануари достапни се и „аналогно“ во цвеќарницата „Розе Веро 2“. Организаторите со насмевка апелираат: „Не возете брзо, побрзо купете карти!“

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран