УТРО.мк

Анастас Јанков (1857 – 1906): „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци…

Анастас Јанков (1857 – 1906): „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци…
Vero

Анастас Јанков (1857-1906), познат и како „Македонскиот Гарибалди“— македонски револуционер, деец на Врховниот македонски комитет (ВМК) и офицер од Бугарската армија (полковник) од село Загоричани.

Кога во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: – „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”

Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:– „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот конгрес дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави."

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin