На 7 септември се случува затемнувањето на крвава Месечина во водениот знак Риби, еден од најсилните астролошки настани во годината. Најмногу ќе го почувствуваат Рибите, Стрелците, Девиците и Близнаците.
Ова затемнување носи силен енергетски бран кој може да открие скриени емоции, тајни и вистини. Универзумот поттикнува завршување на старите циклуси и ослободување од она што повеќе не служи во животот, отворајќи простор за нови можности.
Енергијата на Рибите повикува на доверба во интуицијата и на емотивно чистење. Некои ќе почувствуваат збунетост или преоптовареност, но токму преку тоа доаѓа до пречистување и ослободување од старите емоционални врски.
Периодот по затемнувањето, кој може да трае од 4 до 12 месеци, ќе донесе длабоки лични и духовни промени, помагајќи им на луѓето да најдат внатрешен мир и јасност во животните одлуки.