Во Националниот археолошки музеј во Скопје вечерва ќе биде отворена нова постојана поставка, соопштија од музејот. На свеченото отворање ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
„Нашето културно наследство ќе биде прикажано на уште подостапен, интерактивен и инспиративен начин“, посочуваат од музејот. Поставката ќе биде отворена за посетители од 19 часот.