УТРО.мк

Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија

Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија
Vero

Поедноставена постапка за приватизација на државното земјиште под станбените згради и нов рок за поднесување пријави за одредени категории поранешни сопственици предвидуваат предложените законски измени, кои денеска се на второ читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според предлогот, сопствениците на станови и деловни простории ќе можат да го приватизираат земјиштето под објектот врз основа на катастарските податоци, без да доставуваат дополнителен геодетски елаборат за тој дел од земјиштето.

Се предлага и нов рок од една година во кој одредени категории поранешни сопственици ќе можат да поднесат пријави до Катастарот за претворање на правото на користење на неизградено градежно земјиште во право на сопственост. Рокот би почнал да тече по стапувањето во сила на законот.

Измените ги уредуваат и случаите кога на иста градежна парцела има повеќе објекти со различни сопственици. Предвидена е можност во веќе започната постапка за приватизација да се вклучат дополнителни парцели или лица со право на сопственост.

Со предлогот се предвидува Катастарот во рок од две години од стапувањето во сила на законот да ги избрише преостанатите запишани права на користење на градежно земјиште, освен оние што се заштитени со закон.

Од Управата за имотноправни работи наведуваат дека целта е решавање на долгогодишните имотноправни проблеми и поголема правна сигурност за граѓаните и компаниите.

Предлог-законот го поминал првото читање, но новите правила ќе можат да се применуваат по неговото конечно усвојување и стапување во сила.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран