УТРО.мк

Божиновска: Сајбербезбедноста е нераздвоен дел од енергетската и националната безбедност

Божиновска: Сајбербезбедноста е нераздвоен дел од енергетската и националната безбедност
Vero

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ за Енергетскиот CSIRT“.

Божиновска нагласи дека сигурноста на енергетскиот систем е важна за снабдувањето на домаќинствата, работењето на компаниите и непреченото функционирање на јавните услуги. Дигитализацијата, посочи таа, отвора нови можности, но носи и ризици што бараат постојано зајакнување на заштитата.

Во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а со поддршка од Владата на Република Словачка, изработена е Методологија за воспоставување секторски Енергетски CSIRT, специјализиран тим за одговор на сајберинциденти.

Подготвена е и сеопфатна проценка на сајбербезбедноста во енергетскиот сектор, која содржи конкретни препораки за понатамошно дејствување.

Според Божиновска, целта е навремено препознавање на заканите, побрза реакција при инциденти, подобра координација меѓу надлежните институции и подготвени стручни тимови.

Министерката упати благодарност до меѓународните партнери, институциите и експертите, а особено до ИТ-тимот на Министерството за придонесот во овие активности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран