УТРО.мк

Блокирани уште 104 нелегални онлајн коцкарници

Блокирани уште 104 нелегални онлајн коцкарници
Vero

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, издал налог до Агенцијата за електронски комуникации за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои, според Министерството, нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Со новиот налог, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнал 462.

Од Министерството наведуваат дека мерките се насочени кон ограничување на пристапот до платформи што работат спротивно на законските прописи и заштита на граѓаните од ризиците поврзани со оставање лични и финансиски податоци. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците од изложеност на онлајн коцкање.

Според соопштението, АЕК треба во рок од пет дена од добивањето да го проследи налогот до операторите на електронски комуникациски мрежи. Тие потоа треба веднаш да го ограничат пристапот до наведените страници и да прикажат известување за причината за блокирањето.

Министерството апелира граѓаните да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Родителите и старателите ги повикува да обрнат внимание на интернет-активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во онлајн просторот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран