УТРО.мк

Вредноста на Биткоин за прв пат надмина 112.000 долари

Вредноста на Биткоин за прв пат надмина 112.000 долари
Vero

Вредноста на Биткоинот првпат се искачи над 112.000 долари (околу 95.000 евра), достигнувајќи нов рекорден максимум. Ова се должи на силната побарувачка од институционалните инвеститори и поволното пазарно расположение.

Во еден момент, најпознатата криптовалута зајакна за 3,1 процент и достигна цена од 112.009 долари, што значи дека нејзиниот раст оваа година изнесува речиси 20 проценти, јави Блумберг.

Покрај тоа, технолошките акции, предводени од Nvidia, кои неодамна ја надминаа пазарната капитализација од 4 трилиони долари, дополнително ги зголемија инвестициските ризици на пазарот, што го однесе индексот S&P 500 до речиси рекордни максимуми.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран